Археолошки наоди I Градби I Некропола
Истражувања

Досегашни истражувања
Испитувањата на населбата кај Таор за прв пат се започнати уште пред стотина години од англискиот истражувач, археолог и патеписец Артур Еванс. Престојот во скопскиот регион го искористил за посета на повеќе антички локалитети. Во таа прилика покрај Скупи го посетил и Градиште кај селото Таор, забележуваќи првични информации за остатоците и неговата местоположбата. Во поново време испитување на населбата вршеле Т. Томовски и И. Микулчиќ. Преку површински испитувања тие извршиле куса првична проекција за основните податоци на населбата. Освен овие, други истражувања од ваков или друг карактер не се вршени. Иако не се базирани на археолошки ископувања, од овие испитувања се добиени првите основни податоци за топографијата на населбата.

Ископувања
Музеј на град Скопје во 2000 година ги изведе првите сондирања на населбата. Од следната 2001 година населбата систематски се истражува. Во 2000 година беа поставени две основни сонди со димензии 5 х 5 м и три контролни сонди со различни димензии. Во зависност од просторот што требаше дополнително да се истражи, димензиите на контролните сонди беа прилагодени на конфигурацијата на теренот. Целта на истражувањето беше да се утврди карактерот, големината и стратиграфијата на населбата. Во 2001 година истражувањата беа лоцирани на с/и страна од населбата, на местото каде што претходните сондажни истражувања дадоа најголеми резултати. Ова место претставува блага коса падина, на што се должи и различното ниво на културниот слој. Тој ја прати косата нивелација на теренот. На локалитетот беше поставена квадрантна мрежа, чија основа беше започнување на систематските ископувања.
Освен на делот што го претставува централното подрачје, изведени се истражувања и во функција на трасирање на одбранбениот ѕид и утврдување на состојбата со културните слоеви и на други делови од населбата.



 

Сите права се задржани. Забранета е употреба на материјалот од оваа интернет страница без дозвола од авторите.
© 2008 Дизајн и одржување КОМУНИКА
za tauresium istrazuvanja galerija strucna ekipa kontakt mgs